Connect with us

Фудбал

Легендите на Баерн под истрага за проневера: „Во наш интерес е да расчистиме се“

Челниците на Баерн Минхен се под истрага за финансиски измами.

Хасан Салихамиџиќ, Оливер Кан и Карл-Хајнц Румениге се осомничени дека го прекршиле законот кога станува збор за минималната плата во младинската школа во Баерн.

Некои тренери поднеле тужби во кои изјавиле дека работат над десет часа дневно како дел од работа за која се платени 450 евра.

Истрагата за овој случај е веќе започната, а во име на Баерн зборуваше директорот Оливер Кан.

„Морам да истакнам дека целосно соработуваме со властите во оваа истрага. Во наш интерес е да го расчистиме ова“, рече Кан.

Во јануари ќе бидат сослушани бројни сведоци, по што обвинителството ќе одлучи дали ќе бидат покренати можни обвиненија.

Покрај трите добро познати имиња, меѓу обвинетите се и Јан-Кристијан Дрисен и Андреас Јунг, потпретседател и член на одборот.

Реклама

Facebook

Реклама