Connect with us

Кошарка

Легна илјадници жени, но ништо не било толку добро како сексот со Мадона

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Денис Родман, во текот на кариерата своите успеси ги стави во сенка со однесувањето надвор од теренот, а едно од главните хобија му беше привлекувањето на најсексапилните девојки, кои очигледно знаел како да ги шармира и да ги легне во кревет.

Меѓу останатото, Родман, ќе остане запаметен кај спортската јавност и по лудото однесување, како и по уште полудиот стајлинг. Многумина мажи во светот му завидуваа поради тоа што уживаше во друштво на сексапилните девојки, а исто така го „мразеа“ откако успеа да го освои срцето на најпознатата и најбараната пејачка во светот – Мадона.

Таа беше жена која го тешеше по првото разведување, а нивната врска привлече внимание во целиот свет. Мадона исто така важи за една од најпровокативните жени кои имале бурен љубовен живот, па затоа, не треба да не чуди оваа комбинација. Иако по неа се вртеа уште многу девојки во неговиот живот, сепак Мадона е таа која е незаборавна.

Од натпреварите кои се одиграа во НБА лигата, Мајами славеше на домашен терен против екипата на Хјустон со 110:99 и покрај тоа што кошаркарот на „ракетите“, Џејмс Харден имаше одлична партија забележувајќи 35 поени, 12 асистенции и шест скокови.

Победа пред своите гледачи забележа и Лос Анџелес Клиперс кој беше подобар од тимот на Далас со 125:121. Најефикасни во победничкиот тим беа Галинари и Вилијамс со 32, односно 26 поени, додека на спротивната страна Лука Дончиќ уфрли 32 коша.