Connect with us

Други спортови

Леклер нема да му угодува на Фетел

Еден од највлијателните луѓе во Формула 1, Британецот Рос Браун, предвидува голема нетрпеливост во Ферари идната сезона меѓу Себастијан Фетел и новиот клупски колега Карл Леклер.

Сезонава Кими Раиконен и Ферари се разделија, а тимот од Маранело се реши за ангажман на надежниот и млад возач Леклер. Имено, Рос Браун гледа нешто подалеку и предвидува дека Леклер нема да биде новиот Раиконен и дека ќе сака да биде посамостоен на патеката, односно да не биде во сенка на првиот возач, односно Фетел.

  • Не можам да замислам како Леклер би можел да му угодува на Себастијан Фетел на патеката како што тоа го правеше Кими Раиконен. Кими секако е свој човек, да не ме сфатите погрешно, но мислам дека знаеше која е неговата улога во тимот, додека беше во Ферари. Себастијан имаше бурна 2018 година. Имаше навистина добри перформанси, во половина од првенството беше во водство, но на крајот, тој и тимот не испорачаа резултати по мерка. Имаа силна година, но мора да го направат големиот чекор идната сезона, мора да испорачаат успех, смета Браун.