Други спортови
Леклерк го искрши болидот и предизвика времен прекин на трката за ГН на Италија
Монца, 6 септември 2020 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер не ја заврши трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Италија. Леклер во 25. круг, излета од патеката и се заби во заштитната ограда.
Поради оштетување на бариерата за гуми трката е прекината до санирање на штетата за да не биде загрозена безбедноста на возачите.
Претходно, и другиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел предвреме ја заврши трката, па италијанскиот тим останува без поени во Монца. зс/