Connect with us

Други спортови

Леклерк во Бразил се соочува со казна од 10 позиции

Чарлс Леклерк теоретски трката за Големата награда на Бразил нема да може да ја започне од првата позиција.

Од Ферари прикажаа дека ќе го сменат моторот на болидот на 22-годишникот по проблемите што ги имал на патеката во Остин.

Моторот на Леклерк „замина“ на последниот тренинг, поради што мораше да користи постари поставки за време на трката за Гран-при, што нема да биде случај на патеката Интерлагос.

Промена на погонот значи дека Леклерк ќе биде казнет за 10 позиции на стартот, но ќе биде далеку поконкурентен за време на трката отколку во Остин.

„Инсталирањето на нов погон на моторот значи и казна, но перформансите ќе бидат на наше ниво и очекувам да видам борбен дух за да ја заврши сезоната со висок резултат“, рече Матијаја Биното, шеф на тимот.