Connect with us

Фудбал

Лемина наследник на Рабио

Стандардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Марио Лемина, најверојатно ќе биде првата зимска аквизиција на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Популарните “светци” се во потрага по играч кој ќе биде достојна замена за големиот талент Адриен Рабио, кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и кој својата кариера ќе ја продолжи во редовите на каталонскиот гигант Барселона.

Лемина ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели во Париз само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од30 мил. фунти.