Connect with us

Кошарка

Ленард донесе одлука за својата иднина

Кавај Ленард конечно донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера, а со одлуката ја изненади целата јавност. Имено, играчот кој беше МВП на последното НБА финале и му донесе историска титула на Торонто, се очекуваше или да остане кај Репторси или да потпише за ЛА Лејкерс кај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис,

Сепак, Ленард се одлучи да замине во Лос Анџелес, но да го облече дресот на Клиперси!

Ленард имаше поставено услов за својот потпис со Клиперс, а тоа беше тие да доведат уште едно мега засилување. Желбата на Ленард е остварена, па дресот на Клиперс ќе го облече и Пол Џорџ.

Според информациите, Ленард со Клиперс потпиша четиригодишен договор, вреден 142 милиони долари.

Извор: Дриблинг