Фудбал
Ленс и Лил казнети за судирот на навивачите
Саботниот натпревар помеѓу Ленс и Лил (1:0) беше прекинат поради инцидент со навивач.
Навивачите се судрија на трибините, потоа на теренот, а Дисциплинската комисија во Лига 1 денеска исто така ги одреди казните за тимовите.
Ленс ќе одигра два натпревари пред празни трибини, а Лил следното гостување ќе игра без поддршка од своите навивачи.
Ленс славеше со минимален резултат 1:0 на споменатиот меч, а ова беше третпат сезонава навивачите да влезат на теренот и да направат хаос.