Connect with us

Фудбал

Лео Меси е добитник на Златната топка?

Лионел Меси (34) е добитникот на Златната топка што ја доделува Франс Фудбал, пренесуваат шпанските и италијанските медиуми.

Шпанските и италијанските новинари тврдат дека Лео ја добил седмата награда, а водителот на познатото шоу „Ел Чирингито“, Хосеп Педрерол, го напишал распоредот за бодови.

Меси, Бензема, Левандовски…

Потоа дојде италијанскиот новинар Матео Морено, кој тврди дека веќе е познато дека Меси е победник по седми пат.

„Меси е победник. Неговите пријатели веќе го знаат тоа“.

Франс Фудбал во понеделник ќе ја додели наградата за најдобар светски фудбалер, а претходно се шпекулираше дека Меси е победник за оваа година. Првата информација ја соопшти португалската телевизија (RTP).

Претходно, по многу шпекулации, се огласи и директорот на Франс Фудбал, Паскал Фере, кој истакна дека овие информации се обично сра*е.

„Таа информација е големо сра*е како и многу други работи во последните десетина дена. Голем блеф“, рече Фере.

Кој ќе ја добие наградата за најдобар светски фудбалер во 2021 година ќе дознаеме во понеделник, а викендов сигурно ќе има многу шпекулации.