Фудбал
Леон Горецка не можеше да одбие таква понуда: Наскоро потпишување на петгодишен договор
Леон Горецка ќе потпише нов договор со Баерн.
Според германските медиуми, 26-годишниот играч од средниот ред се согласил на се за да ја продолжи соработката со баварскиот гигант и ќе остане во клубот до 2026 година.
Новиот петгодишен договор на Горецки ќе донесе 15 милиони евра годишно. Се е подготвено за потпишување и тоа ќе се случи во наредните денови.
Актуелниот договор на Горецка важеше до летото следната година. Баварците не сакаа да го загубат и решија да му понудат одлични услови кои не можеше да ги одбие.
?News #Goretzka: Total agreement! He will sign a long-term contract in the next days. Probably until 2026 (like Kimmich). Salary around €15m/year. Important deal for both sides. Goretzka says yes as always reported ?? @SPORT1 #FCBayern
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) August 20, 2021
Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед покажаа интерес за овој играч, но на крајот тој ќе остане член на Баерн.
Леон Горецка стана член на Баерн во 2018 година. Пристигна од Шалке, а со баварскиот гигант освои апсолутно се.
Во изминатите три години, тој одигра вкупно 114 натпревари во Минхен и постигна 25 гола.
Пред Шалке, Горецко го носеше и дресот на Бохум, во чии младински селекции израсна.