Connect with us

Фудбал

Леонардо демантираше дека Конте ќе го преземе Милан

Новиот спортски директор на Милан, Леонардо беше категоричен дека воопшто нема намера да го отпушти тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатузо и дека има целосна доверба во него.

Назначувањето на поранешниот играч и тренер на тимот не беше прифатено добро од најрадикалните навивачи кои потсетија дека порано во кариерата, поранешниот играч доби висока позиција во крвниот непријател Интер. Тие објавија во специјална изјава дека никогаш нема да му го простат на Леонардо овој факт.

Четириесет и осум-годишниот Бразилец, сепак, изјави дека не се плаши да ја преземе одговорноста и покрај негативните реакции.

– Го прифатив овој предлог, бидејќи видов дека има интерес кон мене од светот на фудбалот. Се радувам што бев избран. Ова е само почеток, ќе имаме потреба од време. Чест е дека мене ме избраа да го вратам Милан назад на врвот. Благодарен сум, ова е привилегија, изјави Леонардо на прес-конференцијата.

Тој соопшти дека ја разбира и почитува позицијата на дел од навивачите кон неговото назначување.

– Ако моите чувства за клубот се доведени во прашање, тоа е затоа што тие постојат. Голем дел од мојот живот помина во Милан и не зборувам само за фудбал. Тука пораснав и живеев како возрасен. Значи, градот стана мој втор дом и ова ја прави мојата мисија уште попредизвикувачка. Имаме тим кој испрати пристојна сезона, особено во вториот дел. Постојат различни ситуации кои бараат решение, а ние имаме малку време. Неизбежно ќе има разделба со одредени играчи, изјави новиот спортски директор.

Јужноамериканецот на крајот ги демантираше сите шпекулации околу смената на тренерската позиција кај „росонерите“.

– Ќе ја споделам гледната точка на раководството на клубот: Гатузо беше првиот човек, чие останување беше потврдено. Неговата судбина никогаш не била дискутирана. Никој не зборувал со Конте. Гатузо постојано расте како тренер, тој е човек од Милано и ќе стартуваме со него. Неговите идеи за трансфери се совпаѓаат со моите, додаде Леонардо.