Connect with us

Фудбал

Леонардо ги критикуваше играчи на ПСВ за неумереност на натпреварот против Марсеј

Париз, 14 септември 2020 (МИА) – Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо ги критикуваше играчите на парискиот клуб за однесувањето на мечот од 3. коло на францускиот шампионат против Марсеј (0:1).

Во самиот финиш играчите на двата тима учествуваа во масовно кошкање по што судијата додели пет црвени картони.

– Ние сме луди. Не сакам ни да коментирам – видеата покажуваат што се случило, – го цитира функционерот Л’Екип.

Имаме проблеми со дисциплината. 14 жолти и 5 црвени картони означуваат дека играта е надвор од контрола. Можеби судијата не делуваше сосема логично до одреден степен, но јас нема да го бранам однесувањето на нашите играчи. Инцидентот беше многу сериозен и треба да се разговара со тимот, изјави Леонардо.

ПСЖ по два натпревара во новото првенство нема освоено ниту еден бод. зс/