Connect with us

Фудбал

Лестер го презентираше Џони Еванс

Шампионот на Англија за сезоната 2015/16, Лестер Сити го привлече искусниот централен дефанзивец Џони Еванс од тимот на Вест Бромвич Албион. 
 
Триесет-годишниот репрезентативец на Северна Ирска потпиша 3-годишен договор со „лисиците“, а извештаите од Островот елат дека Вест Бромвич ќе добие околу 3 милиони фунти за неговите права. 
Еванс, кој има скоро 250 натпревари во Премиер Лигата, е производ на Академијата на Манчестер Јунајтед.
 
Со „црвените ѓаволи“ тој освои три титули на Англија, два Лига Купови, еднаш светското клубско првенство и четири пати трофејот „Комјунити Шилд“. 
 
Еванс е второ ново засилување на Лестер ова лето по португалскиот дефанзивец Рикардо Переира.