Фудбал
Лев: Голот во продолжението ја покажува нашата верба во себе
Репрезентацијата на Германија со голот на Тони Крос во 95. минута ја совлада Шведска со 2:1 во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Светското првенство
Оваа победа сигурно ја крена самодовербата кај Германците пред одлучувачкиот натпревар со Јужна Кореа кој се игра на 27. јуни. Ако победат и во тој натпревар сигурно ќе се пласираат во нокаут фазата.
После натпреварот одушевен беше и селекторот Јоаким Лев, кој истакна дека неговиот тим имаше среќа.
„Откако примивме гол ние не губевме концентрација, тоа беше многу важно и поради тоа можам да бидам многу горд на своите играчи. Останавме со мирна глава и ги изморивме Швеѓаните со своите кратки додавања. Среќен сум поради Крос, затоа што тој учествуваше во голот на Шведска. Голот во судиското надополнување, иако помалку и среќен, ја покажа нашата верба во себе“, кажа Лев.
Во групата Ф моментално на прв е Мексико, а следни се Германија и Шведска кој имаат ист број бодови и иста гол разлика.