Connect with us

Фудбал

Лев: Вознемирен сум од начинот на кој бевме поразени

Германската фудбалска репрезентација на една од последните проверки пред Светското првенство во Русија беше поразена од Австрија со 2:1, а селекторот на актуелниот светски шампион Јоаким Лев наведе дека е повеќе од незадоволен.

– Вознемирен сум! Не заради самиот пораз, туку начинот на кој го претрпевме. Ова е во целост наш пропуст. Кога поведовме ја преземавме контролата над играта, но пред полувремето и во првите 20-тина минути од вториот дел како воопшто да не присуствувавме на натпреварот. Често ја губевме топката и направивме премногу грешки. Не сме навикнати да бидеме ваков тим, истакна Лев.  

Германија веќе има серија од пет натпревари без победа, а на Светското првенство игра во група со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.