Connect with us

Фудбал

Левандовски ја освои првата златна копачка на во неговата кариера

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја освои Златната копачка како најдобар стрелец на европските државни шампионати во сезоната 2020/21.

Полскиот репрезентативец постигна дури 41 гол на 29 натпревари во Бундеслигата, а имаше и седум асистенции.

33-годишниот фудбалер на Баерн за прв пат во својата кариера освои престижна награда. Минатата сезона најдобар беше напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле со 36 погодоци.

Капитенот на Барселона, Лионел Меси е рекордер со шест златни копачки, додека Кристијано Роналдо има две помалку.

Топ 10

Роберт Левандовски (Баерн) – 41 гол

Лионел Меси (Барселона) – 30 гола

Кристијано Роналдо (Јувентус) – 29 гола

Андре Силва (Ајнтрахт) – 28 голова

Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд) – 27 гола

Килијан Мбапе (ПСЖ) – 26 голова

Ромелу Лукаку (Интер) – 24 гола

Џерард Морено (Виљареал) – 23 гола

Карим Бензема (Реал Мадрид) – 23 гола

Хари Кејн (Тотенем) – 23 гола