Фудбал
Левандовски ќе бара трансфер од Баерн
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (33) ќе побара да си замине од Баерн на крајот од сезоната.
Според шпанскиот весник „AС“, Левандовски им рекол на своите агенти дека сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и ќе побара од раководството на Баерн да го пушти да си замине следното лето.
Неверојатниот Левандовски сака нови предизвици во кариерата. Подготвен е да си замине од Баерн каде веќе ја игра осмата сезона и се надева дека клубот нема да му прави проблеми.
Интересно, Левандовски лесно можеше да заврши во Реал во 2013 година, но Баерн ја доби битката за неговиот потпис.
Договорот беше на маса откако тој даде четири гола против Реал Мадрид во дресот на Борусија, но договорот не беше завршен бидејќи Полјакот веќе му ветил на Баерн дека ќе дојде во Минхен.
На крајот се покажа дека е вистинскиот потег. Левандовски стана еден од најдобрите фудбалери во светот во дресот на Баерн и собори бројни рекорди.
Во дресот на баварскиот великан играше 349 пати и постигна 319 гола, а освои апсолутно се.