Connect with us

Фудбал

Левандовски одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера

Како што пренесуваат германските медиуми, полскиот напаѓач Роберт Левандовски одлучил да ја продолжи соработката со минхенски Баерн.

Сјајниот голгетер пристигна на „Алијанц“ уште во 2014-та година, каде стана еден од најубиствените напаѓачи во историјата на Бундеслигата, запишувајќи 191 погодок на 242 официјални натпревари за баварците.

Имаше доста шпекулации околу тоа каде ќе ја продолжи својата кариера Левандовски, но полјакот се одлучил да остане во редовите на германскиот шампион.

Левандовски ќе потпише нов договор, според кој е предвидено да остане на „Алијанц“ до 2023-та година.

Извор: Дриблинг