Фудбал
Левандовски прогласен за најдобар играч на Баерн во сезоната 2019/20
Минхен, 16 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч на тимот за сезоната 2019/20 од страна на навивачите на Баерн.
Триесет и двегодишниот Полјак минатата сезона постигна 55 голови и 10 асистенции на 47 настапи за тимот од Минхен.
Левандовски беше најдобар стрелец во германската Бундеслига, Купот на Германија и во Лигата на шампионите.
Токму Левандовски е еден од најзаслужните за освојување на трофејот во Лигата на шампионите. зс/