Connect with us

Фудбал

Левандовски веќе договорил голем трансфер?

Роберт Левандовски (33) следното лето би можел да направи голем трансфер.

Откако вчера каталонски спорт објави дека еден од најдобрите напаѓачи во светот би можел да стане нов член на Барселона, „Sport Italia“ денеска носи информација дека Полјакот веќе има договор со каталонскиот гигант.

Наводно, Лева и Барселона постигнале договор за трансферот, а се очекува фантастичниот напаѓач да ја реши ситуацијата со Баерн, каде што е обврзан со договор до 2023 година.

Доколку Левандовски реши да замине во Барселона, тоа сигурно ќе беше голем трансфер, рамо до рамо со трансферите на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Претходно, прв избор на Барса беше Халанд, но очигледно е дека Каталонците не можат да ги следат финансиски помоќните понуди кои ги има Норвежанецот, па се решија за втората опција.

Таа опција во никој случај не е послаба. Левандовски со години е еден од најдобрите напаѓачи во светот и сигурно би бил огромно засилување за младиот тим на Барселона.

Левандовски освои апсолутно се што можеше со Баерн во изминатите осум години. Тој ги собори сите рекорди во Минхен и постигна 339 гола на 366 натпревари.