Connect with us

Фудбал

Леверкузен го назначи Петер Бош за нов тренер

Германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен веќе има нов тренер, откако од своите обврски беше ослободен досегашниот тренер Хаико Херлих, а на клупата седна Петер Бош.

Холанѓанецот официјално ќе почне да работи од 4 јануари 2019 година. Ова ќе биде втор негов престој во Бундеслигата, откако тој помина неколку месеци на чело на Борусија Дортмунд во сезоната 2017/2018. 54-годишниот стратег ја доби функцијата кај „жолто-црните“ непосредно откако го однесе Ајакс до финалето во Лига Европа во 2017 година.

Договорот на Бош со Леверкузен е до 30 јуни 2020 година. Тој ќе пристигне во клубот со свој асистент-тренер во лицето на Хендрик Крузен.

Во Бундеслигата, тимот е на 9-то место со 24 поени, на само еден зад 6-тиот Волфсбург, кој во моментов ја држи последната позиција, која осигурува излез во евротурнирите. Во Лига Европа пак, „аспирините“ ќе се сретнат со руски Краснодар во шеснаесетфиналето.