Connect with us

Фудбал

Лихтштајнер се договори со Арсенал

Дефанзивецот Стефан Лихтштајнер се согласи да се пресели во Арсенал, а трансферот официјално да биде објавен пред почетокот на Светското првенство.

Ветеранот сигурно заминува по седум години во Јувентус, по истекувањето на договорот на 30 јуни, објави Газета дело Спорт

Арсенал во изминатите неколку недели беше во преговори со репрезентативецот на Швајцарија и тие според весникот, резултирале со договор.

Лихтштајнер во моментов се подготвува за Светското првенство во Русија со репрезентацијата на Швајцарија.