Connect with us

Фудбал

Лингард: Не мама, се уште не доаѓам дома

Џеси Лингард одигра 120 минути против Колумбија и младиот офанзивен фудбалер на Манчестер Јунајтед вчера беше дел од спектакуларната претстава.

За среќа на Лингард и на неговите соиграчи, изведувањето на пеналите му припаднаа нив, па во четврт финалето од СП ќе играат против Шведска, додека Колумбија ја напушта Русија.

Лингард кој има 25 години, по завршувањето на натпреварот ја известил својата мајка дека се е во ред, но и дека нема за брзо да се врати дома, и дека се уште има „незавршена работа“.

„Мамо, се уште не доаѓам дома“, напиша Лингард на фотографијата на која по завршувањето на натпреварот телефонира.

Мајка му ќе биде среќна како него доколку се врати на 15. јуни во Англија. Тогаш се игра финалето на Лужники стадионот во Москва, а Англија се уште спаѓа во главните фаворити за освојувањето на пехарот.