Connect with us

Ракомет

Лино Червар казнет за инцидентот со белорускиот ракометар

Лино Червар ќе продолжи да ја води Хрватска на Европското првенство во ракомет и во следниот натпревар против Норвешка.

Иако му се закануваше тешка казна за неспортски потег против Белорусија, ЕХФ го казни Червар само парично.

ЕХФ го казни хрватскиот селектор со парична казна од 3.000 евра, бидејќи во последните секунди од натпреварот се обиде да го блокира играчот на противникот.

Червар ја премина линијата и го зграпчи белорускиот играч Артур Краватски.