Connect with us

Фудбал

Лионел Меси ги наброи најголемите ѕвезди на СП: Жалам Роналдо…

Во интервју за Ел Мундо Депортиво, Лионел Меси зборуваше за претстојниот Светски куп во Русија.

Меси беше запрашан за ѕвездите на Мундијалот и интересно е тоа што наброи осум, но меѓу нив не е неговиот постојани ривали и најдобар играч на светот Кристијано Роналдо.

“Бразил ги има Нејмар и Кутињо, Шпанија, Иниеста и Силва, Белгија, Азар и Де Брујне а Франција Гризман и Мбапе”, изјави Меси, но додаде:

“Турнирот ќе биде полн со квалитетни играчи и ѕвезди”.

Сепак, тој очигледно да го “заборави” Роналдо,исто така испуштил некои други добри играчи, но добро, кој би ги набројувал сите…

Без оглед на тоа, ривалството меѓу Меси и Роналдо е дефинитивно огромно, а ако некој друг го добиеше тоа прашање, Роналдо би го ставил на прво или второ место.