Фудбал
Лионел Меси на последните седум мечеви нема гол против Реал Мадрид, во Шпанија знаат зошто?
Барселона е поразена, но се уште е во трка за титулата, иако поразот од Реал Мадрид може да биде клучен во борбата за шампионскиот пехар. Она што навивачите на Барса ги загрижува е тоа што Лионел Меси на последните седум пресметки со лутиот ривал нема постигнато гол. Шпанските медиуми сметаат дека причина за тоа е недостаток од вистинска мотивација. Односно, од 2018-та година, кога Кристијано Роналдо замина од Реал, Меси нема гол против „Кралскиот клуб“.
Инаку, Меси синоќа го одигра 45-тото „Ел Класико“ со што се израмни со Серхио Рамос, кој како што е познато поради повреда не играше на овој дуел.