Фудбал
Лионел Меси сними видео порака за суспензијата од ПСЖ, еве што порача (ВИДЕО)
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси објави изјава во врска со минатите настани поради кои клубот беше суспендиран. Меси замина во Саудиска Арабија со семејството ден по натпреварот со Лориен, кој Пари Сен Жермен го загуби на Паркот на принцовите. Се испостави дека тоа го направил без дозвола од клубот, поради што е санкциониран и суспендиран до крајот на сезоната. Аргентинскиот фудбалер реши да не го продолжи договорот со парижаните и ќе ги напушти „светците“ како слободен играч.
“Мислев дека ќе имаме слободен ден по натпреварот како и обично. Имав организирано патување и не можев да го одложам. Веќе го одложив претходно… Им се извинувам на моите соиграчи и чекам да видам што ќе прави клубот со мене“, рече Меси во видео-обраќање преку социјалните мрежи.
🚨🚨 Leo Messi réagit en story Instagram sur la polémique actuelle l’entourant :
« Je pensais que nous allions avoir un jour de congé après le match, comme cela se produisait toujours. J'avais organisé ce voyage et je n'ai pas pu l'annuler. Je l'avais déjà annulé auparavant. Je… pic.twitter.com/oZz5JToqJE
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) May 5, 2023