Фудбал
Ливерпул го совлада Атлетико, Милан и Борусија Дортмунд разочараa
Највозбудливиот натпревар вечерта го одиграа Атлетико и Ливерпул на стадионот „Ванда Метрополитано“. „Црвените“ поведоа со 2:0, Атлетико брзо врати, на крајот заврши со победа на Ливерпул од 3:2.
Незапирливиот Мо Салах постигна гол во осмата минута за водство на Ливерпул, за само пет минути подоцна да го зголеми Наби Кеита на 2:0.
Сепак, Атлетико одговори брзо и се врати во мечот во целост. Антоан Гризман погоди во 20. и 34. минута, но направи глупост во 52 минута, кога го „нокаутира“ Роберт Фирмин и заслужено доби црвен картон.
„Црвените“ постигнаа го дури во 76. минута со играч повеќе. Беше досуден пенал за англискиот тим, а Салах постигна нов гол. Драма во 82. минута, кога беше досуден пенал за Атлетико, а потоа судијата Зиберт отиде сам да ја погледне ситуацијата на монтирот, па се премисли.
Тоа предизвика големо незадоволство кај Атлетико, но не им помогна. Ливерпул стигна до нова победа и се наоѓа на врвот во групата Б со максимални девет бода, па веќе можеме да кажеме дека ќе се пласира во осминафиналето.
Во вториот натпревар од оваа група, Порто го совлада Милан со 1:0. „Росонерите“ се бореа колку што можеа за да добијат барем еден бод, прв во Лигата на шампионите оваа сезона, но Дијаз му донесе на Порто вредни три бода.
Порто и Атлетико имаат по четири бода и се чини дека овие две екипи ќе се борат за второто место, иако Милан сепак може да се врати во живот. За почеток, тој мора да го победи Порто на „Сан Сиро“ во 4. коло, а потоа да се обиде да направи чудо во дуелите со Атлетико и Ливерпул.
Вистинско разочарување приреди Борусија Дортмунд, која во Амстердам беше поразена од Ајакс со 4:0. Се започна со автогол на Ројс во 11. минута, а мрежата на „Милионерите“ ја затресија и Блинд, Антони и Халер. Претходно денеска, во 3.коло од групата Ц, Спортинг во Истанбул го победи Бешикташ со 4:1.
Ајакс е лидер во групата Ц со девет бода, Борусија има шест, Спортинг три, додека Бешикташ нема бодови.