Connect with us

Фудбал

Ливерпул и Евертон во жестока битка за соиграч на Ристовски!?

Спортинг Лисабон ќе мора да продава фудбалери, а еден од тие кои ќе заминат е Бруно Фернандеш, кој настапува фантастично.
Овој 24-годишен Португалец досега сезонава постигна 14 голови и девет асистенции за својата екипа, но и покрај тоа Спортинг се наоѓа на четврто место во лигата.

Наводно, за него се заинтересирани Ливерпул и Евертон, а фудбалерот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но најверојатно Спортинг ќе го пушти за сума од 40 милиони.

Последната одлука ќе биде на Фернандеш, кој ќе одлучи дали да се пресели во Ливерпул или во Евертон.