Connect with us

Фудбал

Ливерпул и Јирген не го заслужуваат ова: Агентот на Салах ги исмеа зборовите на Клоп

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска зборуваше за нов договор на Мохамед Салах.

Договорот на феноменалниот Египќанец со „црвените“ истекува во 2023 година. Навивачите на тимот од „Енфилд“ секако сакаат да ја продолжат соработката со клубот, но преговорите за нов договор не одат во добра насока.

Клоп пред натпреварот со Брајтон проговори за новиот договор на Салах. Германецот има јасен став.

„Мо дефинитивно очекува клубот да покаже амбиции, како што имавме во претходните години, а ние имаме“, рече Клоп и ја продолжи приказната:

“Не можеме да направиме премногу. Така е. Мислам дека на крајот најмногу зависи од него”.

Потоа следеа зборови кои доведоа до реакција на агентот на Салах, Рами Абас.

“Мислам дека клубот направи се што можеше. Од моја гледна точка, нема што да се каже повеќе за тоа, бидејќи нема потпис, понуда или нешто слично. Нема брзање”.

На овие зборови Абас реагираше на Твитер. Статусот го постави со голем број насмеани емотикони и на тој начин покажа што мисли за овие зборови.

Мохамед Салах има одиграно 237 натпревари за Ливерпул и има учинок од 152 гола и 57 асистенции. Тој е во клубот од 2017 година и има освоено пет трофеи.