Connect with us

Фудбал

Ливерпул ја има најслабата одбрана оваа сезона, Мињоле има тешка задача против Челзи

Ливерпул имаат добар напад, но одбраната оваа сезона е една од најлошите во Премиер Лигата, кога се зборува за екипите кој се конкуренти ви шампионатот.

Неодамна „црвените” исуштија предност од 3:0 на полувремето против Севиља, тоа беше натпревар кој веројатно беше јасна слика за одрбаната на Ливерпул оваа сезона.

Голем дел од вината за лошата игра во одбраната до сега им се препишуваше на Дејан Ловрен и Алберто Морено. Меѓутоа како што пренесуваат,  голманот на Ливерпул, Симон Мињоле е исто така „заслужен”.

Имено, Белгиецот го има најлошиот процент на одбрани во Премиер лигата. Мињоле оваа сезона одбрани само повеќе од половина удари кон неговиот гол. Со други зборови секој втор удар на противничките фудбалери завршува во мрежата на Ливерпул.