Connect with us

Фудбал

Ливерпул на чекор до нов трансфер: Французинот беше голема желба на Јирген Клоп

Ливерпул во моментов работи на финализирање на договорот за трансфер на стоперот Ибрахим Конате од Лајпциг.

Сега релевантен извор како „Атлетик“ тврди дека Ливерпул ќе ја активира клаузулата во договорот со 21-годишниот Французин, кој на лето ќе дојде на „Енфилд“ за околу 40 милиони евра.

Наводно, зделката е во завршна фаза и Ливерпул нема да губи време обидувајќи се да ја намали цената, но затоа ќе ја активира клаузулата и сега преговара за последните детали со самиот играч.

Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и Арсенал исто така беа заинтересирани за Французинот висок 194 сантиметри.

Тој дојде во Лајпциг во 2017 година од Сошо и досега одигра 89 натпревари. Во Ливерпул, таков играч е неопходен бидејќи тековната сезона во Премиер лигата беше уништена токму поради бројните повреди на одбранбени играчи.