Connect with us

Фудбал

Ливерпул на Интер му нуди размена на играчи!?

Ливерпул подготвува размена на играчи во која на “Енфилд” треба да пристигне Марсело Брозовиќ, пишува италијанскиот Calciomercato. Гвинеецот Наби Кеита, играчот кој Ливерпул го донесе за 60 милиони евра пред четири години, треба да заврши во Интер. И покрај високата отштета, Кеита не се наметна како првотимец и можеби ќе биде подобро да го смени клубот.

Јирген Клоп е во потрага по нови играчи во средината на теренот по поразите на Ливерпул во серија од Брајтон и Брентфорд. „Црвените“ моментално се на деветтото место во Премиер лигата, а долго време се надвор од трката за шампионската титула. Покрај Ливерпул, Брозовиќ се поврзува и со трансфер во Барселона. Шпанските медиуми пишуваа дека хрватскиот репрезентативец е интересен за тренерот Чави Ернандез и дека би го сакал во својот тим.