Connect with us

Фудбал

Ливерпул со головите на Милнер и Мане го совлада Кристал Палас

Фудбалерите на Ливерпул на гостински терен го совладаа Кристал Палас со 2:0 во рамките на 2. коло од англиската Премиер лига.

„Редсите“ првата шанса на натпреварот ја имаа во 22. минута кога се обиде Салах, но не погоди. Само три минути потоа возврати домаќинот кога Товнсенд упати фантастичен шут од преку 25 метри, но пречкакта го спаси Алисон.

И кога се очекуваше крајот на првото полувреме Ливерпул постигна гол за водство од 1:0. Невнимателен во казнениот простор беше Сако кој го фаулираше Салах, а Мајкл Оливер покажа на белата точка. Пеналот прецизно го изведе Милнер за водство од 1:0.

На самиот старт на второто полувреме Кеита имаше шанса да го зголеми водството, но одличниот шут заврши покарај голот. Кристал Палас до изедначување можеше да дојде во 54. минута, но Алисон го одбрани ударот на Миливојевиќ.

Во 76. минута домаќините останаа со играч помалку. Салах сам се движеше кон голот на домаќинот, а од зад грб го фаулираше Ван-Бисак кој заслужено доби директен црвен картон.

„Редсите“ ставиа точка на натпреварот во третата минута од судиското надополнување кога Салах му асистираше на Мане кој погоди за конечни 0:2.