Фудбал
Ливерпул заврши уште еден трансфер во последните минути
Озан Кабак е нов фудбалер на Ливерпул, ако може да им се верува на пишувањата на британските медиуми, поточно на угледниот Скај Спорт.
Кабак доаѓа на позајмица од редовите на Шалке 04, додека „Рударите“ ќе го надоместат заминувањето на Кабак со доаѓањето на Мустафи. Ливерпул ќе има шанса да го откупи договорот на крајот на сезоната. Кабак треба да ги заврши медицинските прегледи до 20 часот.
Кабак е вториот стопер што дојде во Ливерпул за два дена. Пред него беше Бен Дејвис од Престон.
Клоп сега е смирен што се однесува до стоперите. Тие ќе имаат четири на располагање, поточно Филипс, Вилијамс, Дејвис и гореспоменатиот Кабак, па Хендерсон и Фабињо конечно ќе го заземат своето место на средината на теренот.
Да потсетиме, поради повредите „црвените“ останаа без тројца стопери Гомез, Матип и од претходно Ван Дијк.
More about Kabak. Loan fee will be higher than €1.5m [around €2.5m] with option to buy for €30m. Liverpool never considered to sign him on a permanent deal/obligation to buy. Mustafi joins Schalke as replacement. Braga turned down 2 bids from #LFC for Carmo. ? #DeadlineDay https://t.co/VGTlzL2knJ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 1, 2021