Connect with us

Други спортови

Лондон добива трка во Ф1

Техничкиот директор во Формула 1, Рос Браун, изјави дека постојат можности за одржување на трка во Лондон. Тој нагласи дека најбрзиот циркус на денешницата има намера да го вклучи Лондон во календарот но не сака да ја замени традиционалната британска трка на патеката Силверстоун, туку да се добие уште едно натпреварување на Островот.

Браун потенцира и дека евентуалната Ф1 трка во Лондон нема да се одвива во центарот на градот бидејќи тоа би било невозможно.

  • Жителите на Лондон не треба да се загрижуваат дека центарот на градот ќе биде затворен цела седмица заради нас. Има опција трката да се одвива во некое од предградијата на Лондон. Сакаме да видиме како Лондон ќе се придружи на „Силверстоун“, а не да го замени. Според нас, има доволно варијанти и двете страни да бидат задоволни – изјави Браун.

Во исто време која во јавноста се појавија информациите за интересот на Ф1 да има трка во Лондон, сопствениците на „Силверстоун“ појавија интерес да потпишат нов договор со Ф1 бидејќи актуелниот им истекува во 2019 година.