Фудбал
Лондонскиот клуб го официјализираше трансферот
Францускиот напаѓач Жан-Филипе Матета е новиот фудбалер на Кристал Палас, а оваа информација ја потврди лондонскиот клуб на социјалните мрежи.
Матета доаѓа од редовите на Мајнц, а неговата моментална вредност е 15 милиони евра.
Кариерата ја започна во Шатеро каде играше за сите помлади категории на клубот. Потоа се пресели во Ле Авр, а потоа во Лион, од каде ја продолжи фудбалската кариера во Бундеслигата и тимот на Мајнц.
Споменатиот фудбалер е роден во 1997 година, а тој потпиша договор со Палас до јуни 2022 година.
? Welcome to the Palace, Jean-Philippe Mateta.#CPFC
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) January 21, 2021