Connect with us

Фудбал

Лордот заминува од Интер

Фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева од идната сезона ќе има нов клуб. За 2,5 милиони евра се сели во Сампдорија каде ќе потпише тригодишен договор со плата од 1,5 милиони.

Кандрева, или како што популарно го нарекуваат навивачите на Интер, „Лорд“ се прости од неговиот сегашен клуб и навивачите на социјалните мрежи. Тој за Интер одигра 151 меч, постигна18 голови и забележа 36 асистенции.

Вчера и официјално Диего Годин потпиша тригодишен договор со Каљари. Со ова Интер почна со ослободувањата на Играчи, со цел да го формира ростерот за следната сезона.