Connect with us

Други спортови

Лоренцо: Бев близу до пензија

Трикратниот светски шампион во Мото ГП, Хорхе Лоренцо, призна дека размислувал да стави крај на кариерата пред да потпише договор со екипата на Репсол Хонда за наредната сезона. Шпанскиот мотоциклист минатите две години ги бранеше боите на Дукати, додека нареднава сезона ќе му биде клупски колега на шампионот Марк Маркез.

-Имав турбулентен период изминативе неколку месеци. Како да бев во некоја депресија, па размислував да се пензионирам. Во нормални околности, кога ќе помислите на повлекување, на некој начин чувствувате среќа и олеснување бидејќи нема да имате повеќе притисок и повреди. Покрај понудата на Репсол Хонда, имав можност да одам и во Јамаха Тех3, истакна Лоренцо, кој исто така му беше колега и на Валентино Роси во Јамаха.