Connect with us

Други спортови

Лоренцо со втора победа по ред во МотоГП со Дукати

Хорхе Лоренцо го пронајде вистинскиот ритам со Дукати во МотоГП и забележа втора последователна победа за сезоната на патеката во Барселона. 
 
Шпанецот ја продолжи победничката низа, која започна во Италија и се приклучи на групата Џакомо Агостини, Валентино Роси и Дани Педроса со над 150 подиуми. 
 
Шампионот Марк Маркез со Хонда го освои второто место, а Валентино Роси ја заврши трката нa трето место.