Фудбал
Лоша ноќ за Рома: Мертенс ja „удави“ Волчицата
Во дербито на 28. коло од италијанската Серија А, Наполи го совлада тимот на Рома со 2:0 како гостин на Олимпико.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Наполи изведе две ремек-дела за седум минути, а двата гола ги постигна Дрис Мертенс.
Белгиецот изведе перфектен слободен удар во 27-та минута од околу 20 метри. Тој го победи Лопез и го донесе својот тим во предност од 0:1 .
Седум минути подоцна, совршена акција на гостите. Инсиње феноменално го пронајде Политано, кој ја испушта топката за Мертенс кој погоди за 0:2.
И Рома имаше добра шанса во финишот на првиот дел, но Волчицата не успеа да погоди и да се врати во натпреварот.
Рома нападна во продолжението од мечот. Тие се обидоа на секој начин да се вратат во игра, но Наполи ги издржа сите напади и остана 0:2 до крајот на мечот.
Рома падна на шестото место, а сега пред нив е Наполи, кој е непоразен во серија од пет натпревари, од кои четири победи.