Фудбал
Лоши вести за Иван Перишиќ
Иван Перишиќ во изминатите неколку денови е со репрезентацијата на Хрватска, која доживеа два убедливи порази во Лигата на нации. Прво од Поругалија се совладани со 4:1, па потоа од Франција со 4:2.
Освен двата убедливи порази, за Иван Перишиќ стигнаа лоши вести и од Минхен. Тој одигра сезона од соништата со Баерн, освоија тројна круна, но германскиот тим нема да го откупи договорот од Интер. Тоа значи дека Перишиќ во текот на оваа недела се враќа во Милано, а дали Конте ќе му даде нова шанса, или ќе биде продаден на друг клуб останува да се види.
Информацијата дека нема да биде откупен ја потврди и тренерот на Баварците, Ханс Флик.