Connect with us

Фудбал

Лоши вести за ПСЖ: Нејмар нема да може да игра фудбал еден месец

Бразилскиот напаѓач Нејмар, од францускиот клуб ПСЖ, ќе остане еден месец надвор од терените поради повреда.

Според најавата направена од клубот, Нејмар се повреди на натпреварот Бразил – Нигерија, кој заврши 1-1.

Повредата на 27-годишниот фудбалер ќе биде оценета во рок од осум дена, но според постојните симптоми бразилската ѕвезда ќе отсуствува еден месец.

Нејмар оваа сезона постигна 4 гола на 5 натпревари.