Фудбал
Лоши вести за Спалети по поразот од Сасуоло
Тренерот на Интер, Лучијано Спалети беше казнет по натпреварот против Сасуоло од старна на Италијанскиот фудбалски сојуз.
Тимот на Спалети во 1. коло од Серија А потполно неочекувано изгуби од Сасуоло со 1:0, а тренерот на Интер по натпреварот го навредуваше судијата Мурицио Мариани и поради тоа е казнет со 10.000 илјади евра.
Во текот на истата недела Италијанскиот фудбалски сојуз го опомена тренерот на Торино Валтер Мацари кој влезе на теренот за да се пожали на една судска одлука, додека со казна поминаа Удинезе (4.000 евра) и Парма (2.000 евра) поради употреба на пиротехничките средства.