Connect with us

Фудбал

Лошото момче на Баерн го напушта клубот: Пристигнаа две понуди

Францускиот фудбалер Мајкл Куисанс (22) во јануари ќе го напушти Баерн.

Момчето кое беше отпишано кај тренерот Јулијан Нагелсман си заминува од Минхен, а Баерн доби понуди од Венеција и ЦСКА Москва.

Двата тима се подготвени да издвојат по 10 милиони евра за овој фудбалер. Тоа е бројка која Баварците ќе ја прифатат, па Кјуанс ќе го напушти клубот.

Французинот предизвика бројни скандали во Минхен. Мислеше дека е премногу добар за да седи на клупата, а на тренинзите жестоко стартуваше врз соиграчите.

Сепак, тоа не помина кај Нагелсман, па на крајот фрлаше по тренерот со опремата. Тоа на крајот беше пресудно за Французинот да го напушти клубот.

Куисанс одигра вкупно 13 натпревари за Баерн и постигна два гола.

Реклама

Facebook

Реклама