Connect with us

Фудбал

Ловрен е продаден, познати деталите за трансферот

Според наводите на странските медиуми, трансферот на Дејан Ловрен е завршена зделка.

После шест години поминати во Ливерпул, репрезентативецот на Хрватска ќе го напушти „Енфилд“ и најверојатно ќе ги засили редовите на Зенит од Санкт Петербург.

За овој трансфер се шпекулира со денови, а дека сè се заврши на релација „Ливерпул – Зенит“ потврди главниот уредник на РМЦ Спорт, Мохамед Бухафси, кој е познат по точните информации од светот на трансферите.

Според она што го објави на својот Твитер канал, Зенит ќе плати на Ливерпул 8,5 милиони евра за овој трансфер, додека Ловрен ќе потпише тригодишен договор без опција за автоматско продолжување.

Трансферот на Ловрен може да се каже дека и се очекуваше, особено откако тој играше на само десет шампионски натпревари оваа сезона, а покрај Зенит, за неговите услуги беше заинтересирана и Рома.

Треба да се напомене дека Зенит ја одбрани титулата шампион на Русија со убедливи 15 поени предност пред второпласираниот Локомотив.