Фудбал
Ловрен целосно искрен: Не беше пенал!
Возбудливо беше синоќа на дуелот помеѓу Малме и Зенит.
Заврши 1:1 и Зенит со тоа го обезбеди третото место во групата.
Гостите до бод дојдоа по пенал кој според многумина беше престрого досуден.
Интересно е што од редовите на рускиот тим истакнуваат дека немало пенал, поточно тоа го изјави хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен.
„Се согласувам со играчите на Малме, немаше пенал. Невозможно е да скокате со рацете до телото, тоа е природно движење“, изјави Ловрен.
Челзи е лидер во групата со 12 бодови, исто толку бодови има Јувентус, четири има Зенит, а еден бод Малме.