Ракомет
ЛШ: Македа против неговата поранешна екипа, Вардар-Нант, денес од 17:30 на Јане Сандански
По неколкумесечна пауза во СЦ „Јане Сандански” повторно ќе се игра натпревар од ЕХФ лигата на шампионите, прв пред домашна публика сезонава. Гостин е Нант, францускиот вицепрвак денес 17,30 часот.
Вардар во лигата на шампионите веќе има шест победи по ред, што е најдобар клупски рекорд досега, со шанса таа низа да се продолжи. „Црвено-црните” досега никогаш не играле против Нант во лигата на шампионите. Во првото коло Нант победи на домашен терен против ПИК Сегед со 30-26. Сезонава францускиот тим влегува со големи амбиции, особено во домашното првенство. Таму го освоија и првиот трофеј, Супер купот на Франција победувајќи го ПСЖ. За Нант настапува и Кирил Лазаров, македонскиот репрезентативец, а тренерот на Вардар, Раул Гонзалез најави дека секако ќе се подготвува за Лазаров, но и за целиот тим, бидејќи гостите доаѓаат со состав во кој има многу добри индивидуалци, но исто така се силни и како тим.