Connect with us

Фудбал

Љубовта кон дресот на Реал Мадрид е посилна од парите, Модриќ останува!

Некои фудбалери не ги интересираат милионите од Саудиска Арабија, а еден од нив е Лука Модриќ. Имено, Хрватот се согласил да го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, наспроти големата понуда која ја доби од клубот Ал Наср во кој настапува Роналдо. Имено, Модриќ имал понуда на маса од 40 милиони евра по сезона, но сепак тој одлучил да остане уште една сезона во Реал.

Модриќ со Реал има вкупно 22 трофеи , а во 2018 година ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на светот.