Connect with us

Фудбал

Лудило, откако прими 5 голови, Алегри побрза во соблекувалната, а Спалети го бркаше за да се поздрави (ВИДЕО)

Спалети, но и Алегри се хит на социјалните мрежи откако Наполи со 5:1 го декларисаше Јувентус, а петтиот гол беше дело на Елиф Елмас. Имено, по мечот вообичаено тренерите си пружаат рака, си честитаат, но сега не беше така. Алегри побрза да избега во соблекувалната, но Спалети го бркаше да се поздрави. Упорен беше тренерот на Наполи, на крајот го стигна и се поздравија. Видеото е хит на соцојалните мрежи, а еден коментар вели: Каде бе, дај “пет”, па оди си, се разбира поради петте “парчиња” кои ги прими Јуве.